Македонија
10. November 2015 - 16:36

Условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата

Реформите на владата донесоа уште една препорака за почнување на преговорите со ЕУ, а условувањето на препораката е последица на однесувањето на СДСМ кое доведе до политичката криза во земјата – ова е заклучокот кој преовладува во најновиот извештај за прогресот на Македонија, изготвен  од Европската Комисија.

Од комисијата констратирале дека Македонија има постигнато релативно добро ниво на усогласеност со европското законодавство. Нотиран е и напредок во јавната администрација, која скоро да ги исполнува стандардите на Европската Унија.

- Земјата е релативно подготвена со реформите во јавната администрација. Направен е и прогрес во легислативата и унапредувањето на услугите за граѓаните и бизнисот, стои во извештајот на Европската Комисија.

Во рапортот е наврдено дека Македонија има добри односи со соседетите и активна улога во регионалната соработка. Поздравени се и напорите за обезбедување безбеден транзит и задолжителна хуманитарна помош на мигрантите. Нотирано е и унапредување на законската рамка за заштита на човековите права.

Како и во претходните извештаи и овој пат констатирани се и забелешки, кои би требло да се надминат во наредниот период. Една од позабележителните е онаа за корупцијата.

Експертската јавност коментира дека забелешките за корупција, во голема мера се поклопуваат со однесувањето на двоецот Заев – Шекеринска. За потсетување во јавноста излезе видео на кое се гледа како опозицискиот лидер Зоран Заев бара мито, а медиумите ги открија и сомнителните тендери на фамилијата Заеви со општина Струмица. Во исто време, заменичката на Заев беше во центарот на аферата за перење пари преки издавање на семејни станови на фирмата на нејзиниот сопрг.

Политичките аналитичари велат дека позитивната препорака на Европската Комисија во голема мера ќе ја нарушува стратегијата на СДСМ кои правеа се Македонија да ја изгуби препораката за членство во унијата. Наметнувањето на политичката криза ја имаше токму таа цел.

Според нив, позитивните оценки во голема мера ќе влијаат и на априлските избори на кои ВМРО-ДПМНЕ за напредокот ќе добие и потврда од граѓаните.