ОН усвои резолуција за судење на одговорните за воените злосторства во Газа
Советот на ОН за човекови права усвои со мнозинство гласови резолуција која повикува да им се суди на одговорните за воени злосторства извршени за време на судирите во Газа во август 2014.
Резолуцијата која ја презентираше Пакистан, доби поддршка од 45 земји, меѓу кои Франција, Велика Британија и Германија. Само САД гласаше против, а пет земји беа воздржани.
Оваа резолуција уследи по објавувањето на извештајот на истражната комисија на ОН за судирите во Газа, која заклучи дека имало „можни воени злосторства“.
- Насобраните информации укажуваат на тоа дека Израел и вооружените палестински групи го кршеле меѓународното хуманитарно право и човековите права што во некои случаи довело до воени злосторства, изјави претседателката на комисијата Мери Мекгован Дејвис, презентирајќи го извештајот од 29 јуни.
Резолуцијата не ги одредува извршителите на злосторствата, но истакнува дека е неопходно сите одговорни за кршење на меѓународното хуманитарно право и човековите права да одговараат за своите дела.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар