Бизнис
3. July 2015 - 19:48

Владата ги повикува компаниите да вработат лица во социјален ризик со државни субвенции

Владата субвенционира вработување лица во социјален ризик. Огласот е веќе во тек и според условите работодавачите можат да вработуваат лица од повеќе категории: корисници на социјална парична помош, деца без родители, жртви на семејно насилство, лица од семејства со ниски примања...

 Субвенциите кои можат да се користат се поделени во три категории. Во првата работодавачот добива надомест во висина на бруто плата за работникот во тек на шест месеци плус уште 5000 денари субвенција за обука. Платата изнесува 14.900 денари за лице без квалификации и 17.000 денари за лице со повисоко образование. Има обврска да го задржи лицето на работа доплнителни 6 месеци по истекот на субвенцијата.

Според втората мерка работодавачот користи субвенцијаво висина на нето плата во првите шест месеци, а во следните пет години е ослободен од плаќање придонеси за работникот според прокетот Македонија вработува.

Третата мерка мерка вклучува шест месечна субвенција во висина на нето плата, три години вработување без плаќање придонеси со обврска да го задржи лицето на работа уште една година по истекот на програмата.

Владата апелира поголем број работодавачите да ги користат субвенциите затоа што ваквите мерки се димензионирани во согласност со нивните барања.

„Процедурата за аплицирање е едноставна. Со пријава до Агенцијата за вработувањата, барањата веднаш се ставаат во процедура и потоа се поврзуваат работодавачите со невработените, а крајната цел е засновање работен однос во зависност од мерките за што државата ќе учествува со финансиска помош“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Лицата кои можат да бидат опфатени со ова амерка мора да се од евиденцијата на Агенцијата за вработување, а огласот е отворен до 8 јули.