Македонија
28. July 2015 - 19:09

Владата усвои закони за намалување на прекршочните казни

Почна усогласувањето на законите со новиот закон за прекршоци. За да почне примената на помалите казни за фирмите неопходно е услогласувањето на материјалните со системскиот зкаон за прекршоци кој е веќе донесен. На денешната владина седница усвоени се дваесетина закони од  повеќе области – зејоделство, труд и социјала, царинско работење, економија, финансии.

-Тие опфаќаат над 80-90 проценти од најчестите прекршоци кои се случуваат. Тие веднаш ќе бидат испратени во Собранието на тамошно изгласување со цел што побрзо да се создаде правен амбиент за да може да се ползваат ефектите од намалените санкции за стопанските субјекти, истакна Ѓорѓиев.

Со измените во законот за прекршоци казните кои важаеа досега драстично се намалуваат или во просек за два до четири пати, кај најмалите фирми намалувањето ќе изнесува од пет до седум пати. Во иднина ниту една фирма нема да плаќа казна во полн износ.

Казните ќе  се одредуваат врз основа на три критериуми - големината на фирмата, односно вкупниот приход, бројот на вработени и претходното поведение.

Нивелирањето на казните соглансо економската моќ на компаниите беше едно од ветувањата во предизборната кампања, но и барањата на бизинис коморите во земјава.