Македонија
4. July 2015 - 8:07

Времето во Македонија ќе биде стабилно и потопло

Времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд повеќе во источните и југоисточните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје  стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од понеделник времето во земјава ќе биде потопло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе се движи од 30 до 39 степени во четврток.