Македонија
28. July 2015 - 16:20

Зетот се вратил од печалба за да ги убие таткото и братот на сопругата, пукање во Диво насеље

Вооружениот инциден се случил денеска во 11 часот и 20 минути, на улицата Тоде Мендол, кога лице од Косово пукало во седумедет и едногодишниот Риза Р. и неговиот триесетгодишен син Аднан Р., додека се движеле по улицата. Од задобиените повреди таткото починал на самото место, а синот со сериозни повреди е пренесен на Скопските клиники.

-Денеска во хирушката амбуланта примивме повреден од огнострелно оружје, со прострелни рани во пределот на градниот кош и пределот на горните екстремитети, моментално се наоѓа во животно – загрозувачка состојба, - изјави Стефан Трајановски, хирург во општата болница Куманово.

Откако го извршил убиството, сторителот соавтомобил бмв побегнал и полицијата трага по него.

Како што раскажуваат жителите на населбата, причината за крвавата пресметка е семејна расправија, односно поранешниот зет посегнал по животот на таткото и братот на својата сопруга поранешна сопруга, затоа што не му давале да го гледа детето.

Соседите велат дека убиениот бил навистина добар човек и до сега немал проблеми со никого. Мотивите за убиството допрва ќе се утврдуваат.

Драган Ивановски