Македонија
8. September 2016 - 19:04

30. Меѓународната ликовна колонија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“, во Крива Паланка, започна 30. јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија. Инспирани од природниот амбиент на манастирот уметниците ќе творат во наредните десетина дена.
 
- Сакаме да се заблагодариме на сите за отварање на манастирските порти во далечната 1987 година. Ова е единствена ликовна манифестација од ваков вид во Македонија, која работи во еден ваков амбиентален простор. Благодарам на поддршката и на архирејскиот намесник и на нашиот владика што ни даваат услови за оптимална креативност, изјави Јордан Михајловски, заменик координатор на колонијата.
 
На колонијата годинава има учесници од Македонија, САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Шведска.
 
- Од далечните 80-ти се занимавам со сликарство и костимографија. Првпат учествував во далечните осумдесетти години. Од тогаш па досега се има доста изградено во манастирот и нависта изгледа прекрасно. Тука е навистина магично, изјави Ксенија Могин од Хрвстска.
 
Гостите од странство истакнаа дека навистина е привилегија да се творат и создаваат дела во околина која дава чуство на мир и спокој.
 
- Веќе три пати учествувам во ликовната колонија и воодушевен сум од самата атмосфера. На првите две учества творев на тема природа но во апрстракна форма. Оваа година едната слика ќе биде со тематика за манастирот Св. „Јоаким Осоговски, а втората слика ќе биде фигуративна тематика, ќе биде женска фигура. Составот на учесниците е на многу високо ниво, ќе создадеме убави дела кои ќе останат во колекцијата на колонијата и на манастирот, изјави Стефан Хаџи Николов, уметник од Скопје.
 
Завршетокот на колонијата ќе биде проследен со завршна изложба во Стариот конак на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“, а за подоцна се планирани и изложби во Градскиот музеј во Крива Паланка, Скопје, Штип, Куаманово, Кочани, Перник, Ќустендил...
 
Колонијата е дел од Националната програма за култура на Министерството за култура за годинава и работи под патронат на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“.