Кошарка
19. July 2023 - 8:32

Адетокумбо се најде во проширениот состав на грчката репрезентација за СП

Грчката репрезентација го објави проширениот состав за претстојното Светско првенство во 2023 година, кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

На списокот од 18 имиња се најде и напаѓачот на ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокунбо, но сепак, учеството на двократниот МВП на НБА на турнирот останува под знак прашалник.

Грција ќе игра во групата Ц во Манила и ќе се соочи со САД, Јордан и Нов Зеланд.