Акција за чистење на вториот дел од градскиот парк во Скопје
Со акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк, Градот Скопје денеска традиционално го одбележа првиот ден на пролетта, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“.
Како што соопшти Град Скопје, целта на акцијата е да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во која што живееме.
Околу 150 ученици од пет средни училишта на Град Скопје СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“ денеска во близина на Луна-паркот ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.
Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градскиот парк, со помош на чамец. Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред