Македонија
9. May 2024 - 16:42

Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?

Поразот на вчерашните избори на СДСМ се должи на грешните спроведени политики, сметаат аналитичарите. Неефикасноста на економските мерки, како и зголеменото ниво на корупција и криминалот во државата, се главните причини поради изгубената доверба кај граѓаните.

Владимир Божиновски смета дека македонските граѓани не се против внесување на Бугарите во Уставот, туку против новите барања кои постојано и се наметнуваат на државата како услови за влез во ЕУ.

Лидерот на СДСМ вчера го призна поразот, а воедно ја честиташе победата на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Во емотивниот говор пред граѓаните побара внатрепартиски реформи во СДСМ, а си призна и дека земјата се соочува со големи дефекти во системот кои ја разјадуваат однатре.