Андриушченко: Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да прикријат воено злосторство
Руските сили го реновираат театарот во Мариупол за да ги прикријат воените злосторства, изјави советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.
Тој рече дека Русите го обновуваат театарот под маската на реконструкција поради неговата историска вредност, пренесува „Гардијан“. „Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Тие брзаат да ги избришат сите траги и докази со ‘реконструкција’. И сето тоа под превезот на ‘историска вредност’“, рече Андриушченко.
Тој додаде дека „единствената историска вредност што ја создадоа беше тоа што фрлија две бомби“. „И токму оваа историска вредност сега се обидуваат да ја сокријат окупаторите“, рече Андриушченко. Руските сили го нападнаа театарот во март, при што загинаа околу 300 луѓе кои се криеле таму.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред