Асфалтиран пат и изградба на мост во Чешиново Облешево
Општина Чешиново-Облешево согласно програмата за реконструкција на локалната патна мрежа ја заврши реконструкција на патниот правец Р-2342, делница од населените места Тркање, Бање до Соколарци. Асфалтирањето на патот се реализира во соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“.
- Со оваа активност се опфатени сите делници од патот со поставување нов асфалтен слој од седум сантиметри во должина од 1.400 метари. Со овој зафат сметам дека значително ја подобривме патната инфраструктура во општината бидејќи по долги години овој патен правец е асфалтиран. Со ова во многу се подобри патната инфраструктура, а се обезбеди и побезбеден сообраќај, изјави Костадин Личков, градоначалник на Чешиново-Облешево.
На оваа сообраќајна делница општина Чешиново Облешево гради мост кај село Соколарци, за сообраќајно поврзување на селата Спанчево, Соколарци и Жиганци. Средствата во висина од пет милиони денари се обезбедени од Агенцијата за државни патишта, а според најавите од изведувачот, мостот ќе биде готов за еден месец.
Ново на Сител
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија