Берлин ќе ја поддржи мисијата на Франција во Сирија со 1.200 војници
Германија планира да вклучи околу 1.200 свои војници во операцијата на Франција против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, најави главниот инспектор на германските Вооружени сили, Фолкер Викер.
- Од воена гледна точка за опслужување на авионите и бродовите ќе бидат потребни околку 1.200 војници, изјави Викер во интервју за денешното издание на весникот „Билд ам Зонтаг“.
Како што јави ТАСС, доколку се остварат ваквите најави на Викер, тоа ќе биде најголема мисија на германската армија надвор од границите на земјата по Втората светска војна.
Викер наведува дека германската Влада планира до крајот на годинава да побара од Парламентот да ја одобри мисијата на Бундесверот во Сирија.
- Операцијата ќе започне веднаш, штом ќе биде одобрена, додава Викер.
Две недели по нападите во Париз на 13 ноември, германската Влада реши да го прифати барањето на Франција за помош во нејзината операција во Сирија.
Според најавите од Берлин, Германија во реонот на Блискиот Исток планира да испрати извидувачки авиони од типот „Торнадо“, една фрегата и неколку авиони-цистерни, кои би претставувале логистичка поддршка на француската операција.
Викер во интервјуто вели дека германското Воено водухопловство е подготвено да вклучи четири до шест авиони „Торнадо“ во мисијата во Сирија, кои би биле сместени на две локации.
- Во моментов преговараме со Турција и Јордан за да ни овозможат користење на базите во Имџирлик и Аман, вели Викер, додавајќи дека смета оти во моментов не е целисходно германските авиони да учествуваат во воздушни напади во Сирија.
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото