Блинкен: Без планот на Хамас за „денот потоа“ Израел со години ќе биде заглавен во Газа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека без планот на Хамас за „денот потоа“, Израел со години ќе биде заглавен во Газа.
Американскиот државен секретар додаде дека во таква ситуација меѓународниот углед на Израел ќе опаѓа и неговата национална безбедност ќе биде во опасност, пишува „Тајмс оф Израел“.
-Вие не го разбирате ова, а кога ќе го разберете, можеби ќе биде доцна, рече Блинкен и оцени дека доколку продолжат сегашните трендови, единствен можен резултат е останување на Хамас на власт или анархија во Газа.
Нетанјаху се согласи со ваквата оценка на Блинкен.
Блинкен денеска пристигна во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори во текот на неговата најнова турнеја низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива во Рафа, пренесуваат британските медиуми.
САД се противат на офанзивата, но Израел тврди дека таа е неопходна за да се искорени Хамас.
Ново на Сител
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина