Бред Пит ја продаде куќата каде што живееја со Анџелина Џоли
Американскиот глумец Бред Пит го продаде својот имот во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес, каде што живееше со поранешната сопруга Анџелина Џоли и нивните деца. За куќата, што првично ја платил 1,7 милиони долари, тој постигнал цена од 39 милиони долари, пренесува „Ти-ем-зи“ (TMZ).
Имотот е првично проценет на 45 милиони долари, во јануари. Не е познато што предизвикало пад на цената. Имотот којшто се простира на речиси 4.000 квадратни метри има сала за бал, домашно кино, тениско и скејт-игралиште, базен, гаража, помошна куќа и езеро. Куќата ја купил во 1994 година од Касандра Петерсон и со текот на времето ја проширил градината купувајќи повеќе околно земјиште исполнил просторот со сиве овие разни полиња за активности. Интересно е тоа што кога го купувал имотот на познатата хорор-икона „Елвира“, глумицата тврдела дека нејзиниот дом „бил опседнат“.
Бред Пит (59) живеел тука со семејството до нивното разделување во 2016 година, па сега, наводно, сака да се пресели заради својата нова девојка – дизајнерката за накит Инес де Рамон.
Новопечената двојка се заедно од ноември. А, според „Дејли мејл“ и извор близок до ѕвездата, Бред ја запознал Инес „со повеќето“ од шесте деца што ги има со Анџелина – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен.
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото