Македонија
7. May 2023 - 18:48

Централна свеченост по повод Денот на полицијата - 7 Мај

На сцената на Долни Сарај во Охрид се одржува централна манифестација по повод Денот на македонската полиција - 7 Мај. 

Присуствуваат членови на Владата, како и министри за внатрешни работи и директори на полиции од европските држави, претставници на дипломатскиот кор и други гости.

Предвидени се обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.