Чудо: Брачна двојка загина во сообраќајка, четири години подоцна се роди нивниот син
Дека животот пишува романи покажа случајот на две кинески семејства кои пронајдоа неверојатен начин да ја зачуваат својата семејна лоза, пренесе Чајна дејли.
Во март 2013 година млада кинеска двојка загина во сообраќајна несреќа, само пет дена пред закажаниот пренос на ембрион настанат со вонтелесно оплодување.
Бидејќи и двајцата загинати биле единци, единствен начин да се продолжи нивната фамилијана линија била таа, нивните родители да го зачуваат ембрионот и потоа да пронајдат сурогат мајка.
Со првите проблеми се соочија поради непостоење на закон со кој би се регулирало кој во ваквите случаи би располагал со ембрионот, па се досетиле едното семејство формално да го тужи другото семејство.
Кога тоа се решило, се појавил друг проблем.
Ембрионот не можеле да го преземат зошто трансферот на ембрион во Кина може да биде направен само меѓу здравствени установи.
Друг проблем било и тоа што сурогат родителството е забрането во Кина. Семејствата морале да се свртат кон илегални агенции и една од таквите им пронашла болница во Лаос која била подготвена да го преземе ембрионот.
Во Лаос успешно е направено вештачкото оплодување.
На радост на бабите и дедовците, сурогат мајка од Лаос во декември 2017 година го роди момчето Тиантиан во болница во кинескиот град Гуангзу.
-Беше судено Тиантиан да дојде на овој свет. Ќе му кажеме дека неговите мајка и тако се во странство, додека не биде доволно голем да сфати. Тогаш ќе му ја кажеме вистината, рече гордиот дедо.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер