Македонија
5. May 2024 - 8:53

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека  имало пожар во Домот за стари лица во Банско, а повредени нема.

Синоќа, половина час пред полноќ, избил пожар на еден кат од Домот за стари лица во село Банско, Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во еден часот по полноќ.

Прво се евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица се вратени во собите од каде што се евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.