Македонија
28. July 2015 - 16:34

Дали СДСМ ќе бара Мис на Македонија по предлог на Заев?

Секој ден ново барање. Опозициската СДСМ го толкува договорот од Пржино онака како што и одговара. Во обид да побегне од изборите, Заев бара негови партиски функционери да се инсталираат во десетина институции, коментираат експертите. Според нив, постојаното развлекување на договорот е класичен обид за креирање тензии и конфликти кои треба да ја дефоскусираат власта од зацртаните проекти кои од ден во ден добиваат се поинтензивна динамика.

Македонската опозиција е редок пример во светот кој истовремено бара департизација на судството и инсталација на сопствени кадри во него.
Јавноста памети како во 96 година, на една собраниска седница за само неколку часа СДСМ избра 600 судии. Нивните имиња се читаа и без никаква расправа се гласаа.

Пред 2 години и самите социјалдемократи признаа дека кога биле на власт,судиите ги бирал лично ЦрвенковскиКако што вели Спасовски, по налог на Црвенковски, судии станаа роднини и пријатели на функционерите на опозицијата.

Експертите велат дека по ова, врв на лицемерието е СДСМ да бара, нивните партиски луѓе да го департизираат македонското судство.

Уште едно од барањата на Заев е инсталација на човек од Бихаќка во Агенцијата за медиуми. Целта, според познавачите на состојбите е преку својот партиски функционер СДСМ да врши притисок врз уредувачката политика на медиумите, што е во спротивност со сите нивни декларативни заложби за слобода на медиумите.

Историјата вели дека од 20 години демократија, 17 години агенцијата за медиуми ја водел кадар на СДСМ. Опозицијата во моментов директно од канцеларијата на Бихаќка уредува вести во 3 национални телевизии, 3 дневни весници и уште најмалку 20 интернет портали кои не штедат критики а не ретко и навреди за владините функционери.

Експертите велат дека ако вака продолжи Заев, во иднина може да очекуваме да побара на предлог на СДСМ да се избира спортист на годината, од Бихаќка да се назначуваат претседатели на куќни совети, а тим на СДСМ секојдневно да одлучува и за менито на македонските граѓани.

Тие коментираат дека владата не смее да дозволи 2 милиони раѓани да останат заложници на теснопартиските интереси на СДСМ и дека мора да направи се, ветените проекти да се реализираат.