Фудбал
13. October 2017 - 17:59

Дербито на 10.коло Вардар - Шкендија за Мечкаровски

Дербито на 10.коло од Првата фудбалска лига што се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје, а помошни судии ќе бидат Гоце Петрески и Игор Ширилов.
Марјан Ецкоски од Охрид ќе го суди натпреварот во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкупи.
Дуелот Скопје - Силекс ќе го суди Стојанче Стојанов од Штип, додека неговиот сограѓанин Крумислав Ѓорѓиев ќе биде главен судија на натпреварот Пелистер - Победа. 
Александар Ставрев ќе го суди дуелот Ренова - Работнички.
Сите натпревари се играат утре (сабота) со почеток во 14:30 часот.