ДИК ги објави кандидатските листи за предвремените избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на својата веб - страна ги објави листите на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
На изборите на 11 декември ќе учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда - Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија поднесоа кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората. ДПА поднесе кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица. ПДП поднесе кандидатска листа само во Изборната единица 6. Либералната партија поднесе кандидатска листа во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица. Левица поднесе кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица. Движење Беса пондесе кандидатски листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалиција „Алијанса за Албанците“ поднесе листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица.
Во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас.
Кандидатските листи може да се најдат на следниот линк :http://www.sec.mk/listi-za-
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред