Македонија
28. November 2015 - 20:30

Доделен првиот „пасат“ од инстант лозот „Среќни тркала“

Државна лотарија на Македонија денеска го додели првиот од седумте автомобили  VWPASSAT  - главна премија од инстант лозот „Среќни тркала“. 

Добитничка на возилото е Ирена Стојанова која среќниот инстант лоз го купила на продажното место „Христеф“ во скопската населба Радишани. 

Овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија беше пуштен во продажба на 24 октомври 2015 година и чини 50 денари.  Главната премија се седум автомобили VW PASSAT, a крие и вредни парични добивки.