Бизнис
16. November 2018 - 9:08

Доделување награди за конкурсот за Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Во Министерството за финансии денеска ќе бидат доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември.

На доделувањето на наградите ќе присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на Народната банка на РМ Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.