Додик: Инцко е монструм, ги мрази Србите, сакаме да си замине
Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, синоќа, на онлајн тркалезната маса на Советот за безбедност на ОН, остро го искритикува високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, нарекувајќи го монструм и странец кој соработува само со Бошњаците од Сараево и зборува во нивно име.
Додик тврди дека Србија, Хрватска и Република Српска сакаат високиот претставник да ја напушти БиХ, како и 50 проценти од лушето во Федерацијата БиХ, и го обвини Инцко дека ги мрази Србите и зборува во име на бошњачкиот народ, а не во име на Дејтонскиот договор, пренесе РТРС.
Додик истакна дека Дејтонскиот договор не се толкува, туку се спроведува, и рече дека Инцко нема право да го толкува и да спроведува одлуки засновани врз него и рече дека функцијата висок претставник не е формирана од ниту еден Совет за имплемнетирање на мирот, туку е воведена со Анексот 10. на договорот, пренесе Клик.ба.
-Запрете го овој монструм, кој се обидува да ни наметне одлуки што не се утврдени во Дејтонскиот договор, тој е странец кој ќе ја уништи БиХ. Тој им се одмаздува на Србите и Хрватите во БиХ. Инцко нема апсолутно никаква врска со државниот имот во БиХ и се обидува да ја запре изградбата на хидроцентрали и аеродроми, рече Додик.
Тој додаде дека доколку Инцко продолжи да ги спроведува одлуките, ќе размисли за „почнување на интеграцијата на Републкика Српска со матичната земја Србија“.
Тој се осврна и на претходните високи претставници во БиХ, за кои рече дека се странци кои се обидуваат да ги наметнат своите одлуки и да ја создадат БиХ.
-Високите претставници го сменија Дејтонскиот договор, менувајќи го духот на Дејтон. Педи Ешдаун ги прекрши сите можни договори и тој го призна тоа во својата книга. И сите тие промовираа таква политика, се до Инцко, рече Додик,, нарекувајќи го Ешдаун „пристрасен и криминален“.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло