Македонија
19. April 2024 - 12:25

Дуалното образование се попривлечно за средношколците

Младите се повеќе заинтересирани за дуалното образование. Новите техники и технологии и придобивките од стекнатото знаење и искуства, се мотив за средношколците да се одлучат за овој вид на едукација.

-Интенцијата на образованието е да го поврземе со фирмите, односно, на реализација на теоретската со практичната настава. Едноставно новите техники и технологии кои што доаѓаат во светот, а и кај нас, го зголемуваат бројот на ученици во нашето училиште, и нормално врз основа на тоа и бројот на ученици што се запишуваат кај нас е се поголем. Практичната настава ни овозможува да учениците директно се снајдат во фирмите, така да имаме лични примери кои што денеска се успешни мајстори, изјави Томе Коловски, наставник во СОУ „Коле Нехтениин“ –Штип

Практичната настава е од особена важност за учениците чиј избор се техничките науки.

-Како иден инжењер сметам дека теоријата мора да биде поврзана со практичната настава, затоа одржуваме обуки и практична настава за учениците од средното училиште, со што тие предметите кои што ги учат во училиштето можат практично да ги преименуваат во индустријата и во реалниот свет, изјави Стефан Јакимовски, демонстратор

-Конкретно кај мене мислам дека ова е некоја предност за оваа струка, поради тоа што технологија се повеќе и повеќе се развива. Во последните години е многу поунапредена и мислам дека со текот на годините ќе биде се повеќе застапена кај нас.“ изјави Борче Ристов, ученик

Дуалното образование значи, квалификувани стручни кадри, конкурентност на компаниите, зголемена продуктивност и трансфер на знаење.