Балкан
4. January 2017 - 19:59

Двајца ранети во напад врз ресторан во Истанбул

Две лица се повредени во напад со огнено оружје во ресторан во истанбулскиот кварт Фатих.

Според локални медиуми, не станува збор за терористички напад. 

За време на новогодишната ноќ, во терористички напад врз популарен клуб во Истанбул беа убиени 39 луѓе. Напаѓачот е се уште во бегство.