Џачка до Мета: Земјотреси не се предвидуваат
Албанската министерка за одбрана, Олта Џачка, му одговори на претседателот Илир Мета во врска со неговата загриженост по „најавите за апокалптичен земјотрес на Балканот“.
-Предвидувањето земјотрес е надвор од можностите на науката, а за тоа се консултирав и со Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ). Дополнително, грчкиот сеизмолог Акис Целентис ја демантираше лажната вест,што беше причина за вашата загрженост, стои меѓу другото во одговорот на министерката.
Во врска со мерките за справување природни непогоди, Џачка вели дека владата и Министерството за одбрана се „поподготвени од било кога во изминатите 30 години, да се справат со вонредни состојби“.
-Нашите капацитети за справување со вонредни сосотојби денес се многу поголеми и се со извонреден професионализам. Институционалната координација е многу поефикасна од кога било. Начинот на кој се справивме со земјотресот во Корча се најзначајните докази за сериозноста на нашата подготвеност, пишува Џачка.
Експресно возвратија од кабинетот на Мета од каде ја советуваат добро да се информира по двете прашања.
-На папагалите не им се потребни никакви факти или аргументи, тие само се повторуваат секој пат. За оние кои денес ја слушнаа новата „портпаролка“ во Албанија на господинот Целентис, ве потсетуваме на статиите објавени во меѓународните и национални медиуми, изјави советникот Бахри Шаќри посочувајќи го линкот каде може да прочита повеќе за ова прашање.
Во врска со обвинувањата за законот за цивилна заштита портпаролот на Мета,Теди Блуши, на Фејсбук наведе дека истиот е потпишан пред предвидениот рок за тоа.
Ново на Сител
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок