Едно лице загина откако воз со американски конгресмени удри во камион
Едно лице загина денеска кога воз со кој се превезуваа републикански конгресмени од Вашингтон кон Западна Вирџинија удри во камион за ѓубре.
Белата куќа го потврди инцидентот.
- Претседателот Доналд Трамп е информиран за ситуацијата во Вирџинија. Имаме потврда дека едно лице смртно настрадало, а едно е сериозно повредено. Нема посериозно повредени меѓу членовите на Конгресот или меѓу нивниот персонал, се наведува, меѓу другото, во соопштението од Белата куќа.
Во возот се наоѓал и претседателот на Конгресот Пол Рајан, како и членови на семејствата на конгресмените.
Републиканскиот конгресмен Џон Фасо, кој беше во возот, изјави дека го видел камионот кој превезувал ѓубре, со кој се судри возот, и дополни дека ако има повредени, веројатно се луѓе од камионот.
- Мислам дека сите во возот се добро, изјави Фасо. - Не знам со сигурност, тоа е долг воз. Но, најголемата загриженост останува за луѓето надвор, истакна конгресменот.
Од ударот патниците во возот излетале од нивните седишта, но никој не се повредил посериозно.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет