ЕК: Бесот поради нападите во Брисел не треба да се насочува кон бегалците
Европската комисија денеска соопшти дека бесот поради терористичките напади во Брисел не треба да се насочува кон бегалците од Блискиот Исток, реагирајќи на тој начин на изјавите на неколкумина десничарски политичари кои заговараат поостра миграциска политика.
Премиерката на Полска, Беата Шилдо по вчерашните терористички напади во Брисел, изјави дека Варшава повеќе не е подготвена да ја прифати претходно договорената квота од 7.500 баратели на азил како дел од товарот бегалци кои се распоредуваат меѓу земјите-членки на Европска унија.
Меѓутоа, комесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопоулос истакна дека не треба да се мешаат двете кризи со кои е соочена ЕУ, а тоа се безбедносниот аспект и мигрантскиот бран.
- Тие луѓе доаѓаат на нашиот брег бегајќи од истиот тој терор што ја погоди Европа рамно во срцето. Непријателски да се поставиме кон тие што бараат заштита значи да се сее омраза и поделба, а тоа го сакаат терористите, истакна Аврамопоулос.
Исто мислење има и еврокомесарката Кристалина Георгиева, која е задолжена за буџет и човечки ресурси.
- Ќе продолжиме да бидеме отворени и толерантни, да разбереме дека верските екстремисти не зборуваат во име на цела верска заедница и исто така да разбереме дека многумина од тие кои бараат засолниште во Европа бегаат од истите екстремисти кои не повредуваат овде во Брисел, посочи Георгиева.
Аврамопоулос ги предупреди владите на земјите-членки на ЕУ дека мора да ја интензивираат размената на разузнавачки податоци, да го сузбијат криумчарењето на оружје и украдени документи и да ја зајакнат контролата на надворешните граници на ЕУ.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда