ЕК ја разбира загриженоста на Хрватска, но ја поддржува арбитражата
Европската комисија ја разбира загриженоста на Хрватска, но ја поддржува арбитражната постапка и смета дека во арбитражниот договор постојат механизми за решавање на прашањата за загриженост од хрватската страна, изјави денеска портпаролката на ЕК Мина Андреева.
Според неа, во арбитражната постапка постојат механизми за решавање на загриженоста на Хрватска, со истовремено задржување на целосното функционирање на арбитражниот состав.
Во исто време, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ му испрати писмо ја словенечкиот колега Миро Церар во кое порачува оти арбитражата за границата меѓу Хрватска и Словенија не може да продолжи поради нарушената веродостојност на постапките, јави Хина.
Хрватскиот премиер вели дека Хрватска и натаму е предана на барање решение за утврдување на протегањето на граничната линија со Словенија на копно и море во согласност со меѓународното право.
- Добрососедските односи на нашите две држави, сојузнички на НАТО и партнери во ЕУ, мора да продолжат да се развиваат, наспроти овој инцидент, рече Милановиќ.
Ново на Сител
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство