Ракомет
4. August 2016 - 11:17

ЕП (У-20): И Унгарија подобра од Македонија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија претрпе нов пораз вкупно петти на Европското првенство за играчи до 20 години што се одржува во Данска. Синоќа Македонија загуби од Унгарија со 27:23 (13:14). По овој пораз Македонија ќе разигрува за пласман од 13 до 16.место.
Македонија ја испушти шансата за победа во дуелот со Унгарија откако имаше водство на полувремето, а во последните 10 минути нашите играчи имаа водство од 23:22, но до крајот на дуелот не постигнаа ниту еден гол, а противникот имаше серија од 5:0 за конечен триумф. На вториот дуел од групата Холандија ја победи Шведска со 27:23.
Македонија во петок во натпревар за пласман од 13 до 16.место ќе игра против селекцијата на Србија (почеток 13 часот), а во вториот натпревар за пласман ќе играат Русија и Шведска.
Во полуфиналето на шампионатот ќе играат: Шпанија – Хрватска и Франција – Германија.