Балкан
16. July 2016 - 8:13

ЕУ повика на враќање на уставниот поредок во Турција

ЕУ повикува на итно враќање на уставниот поредок во Турција, се наведува во заедничката изјава на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер и на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата, Федерика Могерини.

- Внимателно продолжуваме да следими што се случува и се координираме со 28-те земји членки на ЕУ во врска со обидот за воен удар во Турција, која е клучен партнер на Унијата, се наведува во заедничката изјава на тројцата високи претставници на ЕУ, кои се наоѓаат во монголскиот главен град Улан Батор, каде учествуваат на Азиско-европскиот форум.  

Словачка, која е актуелен претседавач со Унијата, пак соопшти дека со голема загриженост го следи развојот на настаните во Турција и со европските партнери со консултира околу начините на реагирање на случувањата во земјата.  

- (Словачкиот) министер за надворешни работи Мирослав Лајчак цела ноќ беше во постојан контакт со Могерини и со другите европски колеги, се истакнува во соопштението на Министерството за надворешени работи на Словачка. 

Во соопштението се додава дека Лајчак бил во конаткт и со „партнерите во турската Влада“ со цел да добие појаснувања за случувањата во Турција и за утврдување на чекорите што ќе ги преземе ЕУ за поддршка на демократијата и стабилноста во земјата.