„ЕУ за ТЕБЕ” повторно патува, овој пат во Демир Хисар
Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар денеска ќе го посети Демир Хисар во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”.
Демир Хисар е третата дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кои Амбасадорот Жбогар и младите луѓе ќе дискутираат и ќе разменат мислења за Европската Унија. Овој пат ќе се дебатира со учениците од Средното училиште „Крсте Петков Мисирков“.
Локалната НВО Младински Образовен Форум (МОФ) е исто така составен дел на серијата дебати со младите. МОФ води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”.
Покрај тоа, амбасадорот Жбогар ќе се состане и со градоначалникот на Демир Хисар, Маријанче Стојановски.
Во рамките на овој ден ќе се посетат манастирот „Св. Јован“ во селото Слепче и библиотеката „АЛ- БИ“ во село Бабино.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови