Ракомет
24. November 2019 - 19:52

Еурофарм Р. продолжува без тренерот Алушовски

По последниот пораз од Металопластика во СЕХА лигата раководството на РК Еурофарм Работник донесе одлука да ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушовски. Од клубот велат дека договорот е спогодбено раскинат. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во Лигата на шампионите и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Кој ќе го замени Алушовски на тренерската позиција ќе биде објавено во најкраток можен рок.