Еве колку заработува жирито на Пинк Ѕвезди: Шабан 175.000 евра, Зорица 105.000 евра...
Шабан Шаулиќ добива по 5.000 евра по емисија, односно 175.000 евра за цела сезона, додека Драгана Мирковиќ во улога на судија нема да заработи ништо!
Како што ексклузивно дознаваат српските медиуми , кралот на фолкот успеал добро да го „искешира“ трансферот од „Ѕвездите на Гранд“ на Пинк, или како што самиот рече „од ФК Мачва во Барселона“. Со челниците на пинковата телевизија Шабан и неговата сопруга и менаџерката Гоца договориле хонорар од 5.000 евра по епизода. Ако Шаулиќ ги сними сите 35 емисии, следната година ќе биде побогат за 175.000 евра, и ќе стане најплатениот член на жирито, иако и останатите не поминаа лошо, освен Драгана Мирковиќ која се согласила да учествува без надомест!
– Сакајќи да ја престигнат гледаноста на „Ѕвездите на Гранд“ сопствениците на Пинк не штеделе. Така на Шабан му понудиле најголем хонорар, како и низа други погодности, како што е бесплатни реклами за новите песни и концерт,
Добро заработи и Зорица Брунцлик – 3.000 евра по емисија или 105.000 за цела сезона. Таа од продуцентите барала и посебен апартман во розе тонови, велат добро упатени извори од телевизијата Пинк.
Меѓу првите кои биле повикани била Драгана Мирковиќ.
– Неа хонорарот не и е важен! Освен сместување и авионски превоз од Виена до Белград ништо друго не бараше. Ништо нема да заработи ниту Дара Бубамара, но таа бараше од Пинк да и обезбеди кампања за новиот албум и концертот во Белград, вели изворот.
Иако многумина сметаа дека е лесно да се преговара со Александра Радовиќ, бидејќи таа не сака фолк, сепак не беше така.
– Таа бараше и доби 50.000 евра за жирирање во целата сезона, открива изворот.
Членовите на жирито снимаа шоу, па беа недостапни за коментар, а Александра не го коментира тоа.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот