Фејсбук точно знае како се смеете?
Дали сте „хаха“, „хехе“ или „LOL“ личност не е сеедно. Фејсбук истражувачката екипа на својот блог објави пост каде тврди дека „дигиталното смеење се развива“ и дека таа социјална мрежа од мај анализира на кој начин се смееме на неа, пишува Wired.
Според она што досега го откри Фејсбук, најчест израз на смеење на интернет е очекуваното „хаха“, а потоа емотиконите. Сепак, мрежата истражува и нијанси, и ги интересира кој како се смее. Возраста, полот и локацијата влијае на видот и должината на смеењето на мрежата, па младите луѓе и жените преферираат емотикони, мажите малку подолги „хехе“ варијанти. Околу 20 отсто од луѓето користат „хаха“ и „хехе“ или подолга веризја „хахахха“, хахахахахха“, хахахаххахаххахахах“ (намерно криво напишани породолжени слогови, да, Фејсбуковата студија е толку многу темелна), а се чини дека со тоа сакаат да покажат дека нешто им е толку смешно што не можат нормално да чукаат по тастатурата.
Фејсбук, исто така, проучува и на кој начин тие други смеења се пишуваат погрешно и дали има примероци. „LOL“ луѓето речиси секогаш го користат како единствен израз, во 50 отсто од случаите се користи еден емотикон, а многу ретко луѓето користат повеќе од пет едно по друго, затоа што очигледно го сметаат доволно концизно.
Ново на Сител
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни