Свет
20. јуни 2017 - 12:45

Француски новинар почина во Ирак

Францускиот новинар Стефан Вилнев почина во Ирак, како последица од повредите што ги здоби при минатонеделната експлозија во Мосул, соопшти француското Министерство за надворешни работи. 

При експлозија на мината при која беше ранет Вилнев. загинаа ирачкиот новинар Бахтијар Хадад и репортерката Вероник Робер, а уште еден репортер беше полесно повреден.