Францускиот предлог за Северна Македонија испратен до Народното собрание на Бугарија
Францускиот предлог за одлука за ветото наметнато од Бугарија за почеток на преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија, јави БНР повикувајќи се на два независни извори.
Како што информира дописникот на МИА од Софија, вчера Француската амбасадорка Флоренс Рубин се сретна со членовите на Групата за пријателство со Франција во Националното собрание. На оваа средба се разговараше за документот и дали владата во Софија го има потребното мнозинство да го прифати.
Подоцна, копретседателот на Демократска Бугарија Христо Иванов коментираше дека за Бугарија би било успех доколку Северна Македонија се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивно спроведување.
Во средата, бугарската влада одлучи да ги одобри сите предлози за случајот со Северна Македонија, освен сегашната позиција на Бугарија, од Националното собрание на земјата.
Пред една недела, како што потсетува дописникот на МИА од Софија, оваа тема стана причина за заминувањето на „Има таков народ“ од владејачката коалиција во Бугарија.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда