„Гардијан“: Западот сам придонесува за регрутирање нови терористи
По терористичките напади во Париз на 13 ноември, западните политичари со отворени очи паѓаат во замката на терористите, исто како што направија и по 11 септември 2001 година, наведува германскиот новинар Јирген Тоденхофер во авторски текст во лондонскиот весник „Гардијан“.
Според него, како и по нападите во Њујорк и Вашингтон во 2001 година, западните политичари и сега се одмаздуваат со бомби, убивјаќи првенствено недолжни цивили, со што создаваат терен за регрутирање на нови терористи.
- „Војната против теророт“ што ја објави американскиот претседател Џорџ Буш (по нападите на 11 септември), се покажа како класична програма за регрутирање терористи, наведува германскиот новинар.
Според него, несфатливо е како „водечките политичари на научиле ништо за време на 14-те години од контрапродуктивната војна против тероризмот“ и натаму веруваат дека „од осите можеш да се ослободиш, ако им го уништиш гнездото“.
Тој наведува дека во 2001 година во Авганистан имало само неколку стотици исламски терористи, а денес „кога војната против теророт однесе дури милион жртви, се соочуваме со околу 100.000 терористи“.
- ИД е создадена шест месец по инвазијата (во Ирак). Таа е чедо на Буш, смета Тоденхофер.
Според него, Западот треба да направи три работи за успешна борба против ИД.
- Прво, САД да ги спречат заливските земји да им испорачуваат оружје на терористите во Сирија и Ирак. Второ, Западот да и помогне на Турција да ги затвори границите за да се спречи приклучување на нови борци кон ИД. И трето да се направи национално помирување во Ирак и Сирија и сунитите повеќе да се интегрираат во полиитчкиот живот. По ова ИД ќе биде готова, како риба надвор од вода, заклучува Тоденхофер во авторскиот текст во „Гардијан“.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!