Тенис
11. May 2016 - 18:30

Ѓорческа елиминирана на фјучрсот во Ѓер

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрс турнирот во унграскиот град Ѓер. Таа денеска претрпе два пораза по еден во поединечна конкуренција и еден во игра на двојки. 
Во мечот од второто коло во поединечна конкуренција загуби со 2:0 од втората носителка Барбара Хас од Австрија. Во првиот сет противничката беше постојано во водство и имаше брејк предност и сетот го доби со 6:3. Во вториот сет сликата на теренот се смени во првиот дел и Ѓорческа водеше со 2:0 и 4:2, но потоа дозволи противничката да освои четири гема во серија и сетот да го добие со 6:4. Мечот траеше 110 минути.
Во игра на двојки Ѓорческа со Перма Озген од Турција во четвртфиналето загубија со 2:0 во сетови (6.2 и 6:3) од Каролина Мухова (Чешка) и Тамара Зиданшек (Словенија). 
За пласманот во второто коло во сингл нашата тенисерка ќе освои пет поени.