Живот
19. December 2016 - 13:55

Горда е на своите влакнести гради: Привлечна сум им на мажите!

Квен Нонуерем Окафор (29) е горда на својот изглед и титулата на највлакнеста жена во Нигерија. Вели дека нејзините влакна неконтролирано почнале да растат кога имала 21 година.

Луѓето почнале да се шалат на нејзина сметка па дури и да ја злоставуваат, но таа храбро ги објавува своите фотографии на Фејсбук и Инстаграм. Квин е второ дете во семејството со пет деца, а живее во градот Лагос.

Желбата и е, како што вели да успее во нигеријската филмска индустрија. Вели дека пробала да ги отстарани влакната, но тоа довело до тоа да тие почнат повеќе и поагресивно да растат.

Нејзините фотографии на социјалните мрежи предизвикале поделени реакции. Некои ја критикуваа, а некои ја бодреа.

Нејзините објави ги пратат повеќе од 1000 луѓе.