Грчки министер: Четири милиони бегалци се подготвени од Турција да заминат кон Европа
Околу четири милиони мигранти и бегалци се подготвени да тргнат од Турција кон Европа во најскоро време, изјави на прес конференција грчкиот заменик министер за морска флота Христос Зоис.
– Четири милиони бегалци се наоѓаат во моментот во Турција и се подготвени да ја напуштат таа држава и да се упатат кон Европа, изјави Зоис.
Според него, Грција нема доволно сили за да се спротистави на таков бран бегалци.
- Од 240 бродови кои ги има на располагање крајбрежната стража, 36 отсто не се во функција поради технички проблеми. Од седум авиони само четири може да полетаат, а од 6 хеликоптери функционира само еден, прецизира Зоис.
Претходно тој се сретна со шефот на Фронтекс, Фабрис Леџери при што била постигнат договор за заеднички напори со Агенцијата за контрола и управување со мигранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови