Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу.
Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, комесарот Хан посочи дека земјите членки сѐ уште преговараат на оваа тема.
-Можам само да повторам дека треба да се отворат што е можно побргу затоа што направија сѐ, не е само сигнал за Северна Македонија, туку за целиот регион, порача Хан пред состанокот.
Комесарот оценува дека недоделувањето датум за преговори во најкус можен рок за Македонија може да влијае врз српско-косовскиот дијалог.
-Ако ги отвораме повторно преговорите со Србија и Косово, тие треба да видат дека инвестирањето во изнаоѓање политички компромис се наградува, инаку нема да имаат мотивација, мислам дека е важно луѓето да разберат колку е важно да и се даде сигнал на една земја во интерес на целиот регион, рече Јоханес Хан.
Засега во нацрт-заклучоците на ЕУ, се предвидува септември 2019 како датум за преговори за Албанија и Македонија, но тоа не е доволно според Хан.
-Не го сакам зборот компромис во овој контекст, тоа е нешто што морам да го прифатам. Мојот предлог беше дека секогаш кога една земја исполнува, и ние мораме да испорачаме, затоа и секое одлагање носи ризик, а јас не сакам да има ризик онаму каде е непотребно, изјави комесарот Хан.
Запрашан која е неговата порака до Франција и Холандија, кои имаат најголем отпор кон отворањето преговори со Скопје и Тирана, Хан ги повика да ја имаат на ум регионалната ситуација во целост.
-Една земја енормно инвестираше во својата европска перспектива, лидерите покажаа храброст и лидерство, и ако не ја наградиме ние губиме одговорност и кредибилитет, како и влијание, сѐ што инвестиравме во последните години е во опасност ако не се држиме до нашите ветувања, предупреди Хан.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден