Хуманитарен концерт во Гевгелија
Хуманитарното здружение „Ристо Калиников“ од Гевгелија, вечерва третпат по ред го организира хуманитарниот концерт „СРВ Фест“ во чест на Ристо Калиников гитаристот на бендот „Аквариус“ кој пред три години ја загуби битката со тешката болест.
Според организаторите, целта на Фестивалот е да се соберат хуманитарни средства за оние кои имаат потреба од итна финансиска помош и порачуваат дека негова визија е да биде традиционален и преку хуманитарни акции да обезбедува помош за лицата кои боледуваат од тешки болести затоа што и Ристо Калиников секогаш беше подготвен да помогне, да донира, да каже убав збор и да подари прегратка.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи со почеток во 19 часот во салата на Народниот театар во Гевгелија каде ќе настапат Дани Димитровска, Аквариус, Кросроад блуз бенд, Флет Фајв, хорот Гортинија, Филип Динев и хип хоп групата Мистик.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови