Бизнис
8. April 2022 - 19:56

И денеска штрајк на УПОЗ, од понеделник генерален штрајк на СОНК – најави за социјална пролет

Наместо на првомајски марш, синдикатите ќе излезат на масовен протест.  Револтирани поради тоа што од Владата нема никаква понуда за средба на која би се разговарало за нивните брања, се одлучиле на ваков чекор. ССМ бара линеарно зголемување на сите плати и во јавниот и во приватниот сектор, а ако тоа не се случи одат во  генерален штрајк со целосен прекин на работата.

А денеска втор ден по ред,  вработените во судовите, општините, државните управи, агенциите, министерствата повторно излегоа на протест со  двочасовен прекин на работата.  Од УПОЗ  тврдат дека платите на   над 13 илјади амдинистративци повеќе од 10 години не се зголемени.

Од понеделник во генерален штрајк влегуваат и вработените во образованието. Ниту тие не успеаа да постигнат договор за зголемување на нивните примања.  Премиерот Ковачевски пак вчера посочи дека и тој смета дека платите треба да растат, но  тврди дека ако одеднаш се случи тоа  ќе има проблем со инфлацијата.