-Ниту едно од традиционалните летачки возила не може да ја постигне целта потполно самостоен лет, така што и натаму е далеку од обичните луѓе. Но нашиот успешен лет денеска покажува дека глетките кои ги гледаме во научно фантастичните филмови сега се многу блиску до обичните луѓе, изјави директорот на ЕХанг Хуа Хуазхи.
Такси дронот го испитаа над 150 инженери, кои направија илјадници часови пробен лет, вклучувајќи и тест за вертикално качување, тест со товар од 230 килограми и тест за висока брзина до 130 км на час, додека тестот со човечки патници е последен во низата.
Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со тежина до 100 килограми во лет долг 23 минути, соопшти компанијата.
-Дронот може да им помогне на луѓето да ја избегнат гужвата во сообраќајот на земја, но и за други цели, секогаш може да замислиме итно спасување или можеме да превеземе пациенти во болница, или да го користиме за туризам, рече соосновачот на ЕХанг, Дерик Ксионг.