Свет
25. October 2019 - 11:38

Илјадници демонстранти во Багдад бараат промена на власта

Илјадници демонстранти се собраа денеска на влезот на Зелената зона во Багдад, продолжувајќи ги антивладините протести во кои загинаа 150 луѓе од почетокот на октомври.

Полицијата распоредена во голем број се обиде со солзавец да ги растера демонстрантите и да ги оддалечи од Зелената зона, каде се и седиштето на Владата и Амбасадата на САД.

Во текот на ноќта ирачките сили за безбедност со водени топови ги растераа антивладините демонстранти кои се собираа во Багдад.

Повеќето од демонстрантите се млади кои бараат работа, сузбивање на корупцијата и функционални јавни служби.