Балкан
6. November 2019 - 10:28

Инцидент пред зградата на РТС: Со автомобил се обиделе да го пробијат обезбедувањето на Вучиќ

Вчеравечер, по завршеното интервју кое претседателот на Србија, Александар Вучиќ го дал во телевизијата РТС, пред зградата дошло до инцидент, откако двајца мажи со автомобил се обиделе да го пробијат претседателското обезбедување.

„За време на протестите пред РТС, автомобил марка „Мерцедес“ се обидел да го пробие кордонот кој бил во обезбедување на Вучиќ, по што двајца мажи биле уапсени“ пренесуваат српските медиуми.