Македонија
8. May 2024 - 11:39

Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69

Државната изборна комисија на денешната прес- коференција информираше дека излезноста до 11 часот на претседателските избори изнесува 12,87 отсто. Најголема излезност до 11 часот во вториот круг од претседателските избори има во Пробиштип 27,85 отсто, а најмала излезност до 11 часот има во Липково 1,76 отсто.

Излезноста до 11 часот на парламентарните избори изнесува 13,69 отсто. Најголема излезност до 11 часот на парламентарните избори има во Кривогаштани 28,38 отсто, а најмала излезност до 11 часот има во Врапчиште 5,2 отсто.