Бизнис
21. March 2024 - 19:52

Како компаниите да се заштитат од неплаќачи?

Полоша од регионот, подобра од Босна и Албанија. Со оцена А-, Македонија е рангарина како земја со умерен ризик од неплаќање. Компаниите имаат можност да се заштитат од неплаќачи и да си ги осигураат побарувањата, но се уште ова е новина кај нас и мал е бројот на фирми што ја користат ваквата полиса.  

– Кај нас, ако нешто се мора, тогаш се прави. Значи мора да се извади полиса за автоодговорснот, го осигуруваме домот, а не си ги осигураме парите. За да отвориш бизнис  ќе земеш кредит. Ќе се задолжиш и на крај ништо, пропаднале парите, затоа што се работи за измама, изјави Игор

Пред да инвестираат странските компании на македонскиот пазар, прават детална проверка на целокупната економија. Кои се политички, глобални ризици, правната сигурност, но и наплатната дисциплина. Како земја која не е членка на Унијата, експертите најголем ризик гледаат во големата зависност од Германија .  

- Најголем ризик за македонската економија е концентрацијата на германскиот пазар. Околу 40% од македонските компани извезуваат на германскиот пазар. И ако таму нешто се случи, тоа ќе се почустува и кај вас, односно цела економија ќе го почуствува, изјави Сегеј Симонити, аналитичар од Словенија 

Финансиската и енергетска криза, како и ковид пандемијата изминативе години го зголемија бројот на фирми кои ставија клуч на врата. Неможноста да си ги наплатат  побарувањата е најчестата причина за банкрот. За да се заштитат, ќе имаат можност да си го осигураат бизнисот.